24фудбал

Мурињо: ЛШ може да освоите и во најлошата сезона

Во пресрет на дуелот со Шалке, Жозе Мурињо вели дека нокаут натпреварувањата се непредвидливи и можат да се освојат и во најлошата сезона, алудирајќи на Роберто Ди Матео кој на Челзи му го донесе големиот трофеј од Лигата на Шампионите.

Лига на Шампиони
Ништо ново, Жозе Мурињо почнува психолшка војна со противничкиот тренер пред важен натпревар, овој пат на мета му е Роберто Ди Матео кој со Сините стигна до големиот трофеј.
 
Мурињо ја омаловажува работата на Ди Матео во Челзи, велејќи дека кога стигнале до трофејот од Лигата на Шампионите, имале лоша сезона.
 
„Понекогаш триумфот во Лигата на Шампионите и не е последица на добра работа. Може да се освои титулата во ова натпреварување и кога ја играте најлошата сезона" - вели Мурињо.
 
„Тоа го направи Ливерпул, а потоа и Челзи. Значи може да се освои петтото место во домашното првенство, а потоа да се освои Лигата на Шампионите. Нокаут натпреварувањата се непредвидливи".