24фудбал

Пет голмани за изборт на ФИФПро за ’дрим тим’

Унијата на Фудбалери (FIFPro) и ФИФА попладнево ги соопштија имињата на петте голмани кои ќе се борат за место во идеалниот тим за 2014

Останато

Оклу 10 000 професионалние фудбалери ширум светот ќе го изберат ’дрим тимот’, а најдобрите 11 ќе бидат соопштени за време на гала-церемонијата за ’Златната Топка’.

ФИФПро и ФИФА ќе соопштат 55 кандидати, а ќе се избира тим составен од голман, четворица дефанзивци, тројца играчи од средниот ред и тројца напаѓачи.

Попладнево беа објавени имињата на петмината голмани кои ќе се борат за место во идеалниот тим.

Листата ја предводи голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, кој минатата година се најде помеѓу стативите на ’дрим тимот’.

Друштво уште му прават Икер Касиљас од Реал Мадрид, Џиџи Буфон од Јувентус, Клаудио Браво од Барселона и Тибо Куртоа од Челзи.