24фудбал

Рамос на 27 години завршил средно училиште

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека заменик-капитенот на Реал Мадрид, дури оваа година добил диплома за завршено средно училиште

Шпанија

Иако неговото семејство се противело, Серхио Рамос како тинејџер решил да го напушти училиштето за целосно да му се посвети на фудбалот.

Медиумите од Шпанија утрово пренесоа дека дефанзивецот во февруари овој месец конечно ги положил последните два испити и добил диплома за завршено средно училиште.

Новинарите се обиделе да дознаат со каков успех завршил фудбалерот, но Реал Мадрид одбил да ги обелодени оценките, ’Кралевите’ посочиле дека за вакви инвормации самиот играч требал да даде одобрение.