24фудбал

Венгер: Се обидовме да го ангажираме Меси

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер потврди дека имал обид да го ангажира Лео Меси, но Аргентинецот се чувствувал комфорно во Барселона па затоа останал на Камп Ноу

Англија

Според биографската книга што познатиот шпански новинар Гиљем Балаге ја напиша за животот на репрезентативецот на ’Гаучосите’, напаѓачот во 2003 бил мета на Арсенал.

Но зделката пропаднала бидејќи ’Топџиите’ не можеле да обезбедат дом за семејството на играчот, кое сакало да го следи Лео Меси во Лондон.

Исто така Арсенал ќе имал потешкотии да обезбеди работна виза за фудбалерот.

Зборувајќи на денешната прес конференција, Арсен Венгер потврди дека имал обид да го ангажира Лео Меси, но вели дека играчот се чувствувал комфорно во Барселона и затоа останал на Камп Ноу.

„Сакавме да ги ангажираме Фабрегас, Меси и Пике. Сите тие играа во ист тим во академијата на Барселона” – вели Французинот. „Успеавме да го донесеме само Фабрегас”.

„Не е точно дека трансферот на Лео Меси пропадна поради тоа што не обезбедивме куќа за неговите родители”.

„Меси се чувствуваше комфорно во Барселона, и на крајот тоа се покажа како одлучувачко. Тој не беше желен за преселба”.