24фудбал

Тохир: Не барам чуда од Манчини

Претседателот на Интер, Ерик Тохир вели дека Роберто Манчини ќе го добие потребното време за да ги врати ’Нероаѕурите’ на победнички патеки

Италија

Во разговор со Topskor, бизнисменот од Индонезија вели дека целите на Интер остануваат исти, односно пласман на табелата кој ќе овозможи настап во европските купови.

„Целите се исти како оние што ги поставивме и кога Мацари беше тренер” – вели Тохир. „Обезбедување настап во Европа”.

„Минималната цел е Лига Европа, која во иднина ќе овозможи настап во Лигата на Шампионите”.

„Не барам чуда, ќе му дадам време на Манчини да го изгради тимот и да постигне идеално ниво на стабилност. Знае што треба да прави”.

Запрашан за изборот на Манчини како наследник на Мацари, тој одговара: „Добро размисливме пред да ја донесме конечната одлука”.

„Разговарав со него, Манчини е многу амбициозен. Немаше да добие две ипол годишен договор доколку не беше амбициозен”.

„Го познава клубот многу добро. Го предводеше Интер од 2004 до 2008 и освои седум трофеи”.

„Изборот на Манчини исто така е во согласност со посветеноста на клубот кон Финансискиот Фер Плеј, тој добро ја разбира нашата ситуација”.

Прв натпревар за Роберто Манчини ќе биде градското дерби со Милан во недела.

„Ова беше дел од нашите калкулации. Му се јавивме на Манчини за време на паузата за репрезентативни настапи. По дербито имаме дуел со Днипро во Лига Европа и средба со Рома”.

„Го чека тешка задача, но тој дефинитивно планира да донесе позитивни резултати”.

„Ги советувам фановите да дојдат на стадион и да им дадат поддршка на момците. Нема потреба за свирежи и навреди кон тренерот и играчите”.

„Интер е едно големо семејство, и фановите се дел од него”.

Околу настапот на трансфер пазарот во јануари, Тохир вели: „Сите можности се отворени. Ајде да почекаме и да видиме какви се плановите на Манчини”,

„Но исто така мораме да обрнеме внимание на благосостојбата на клубот, која исто така е многу важна”.