24фудбал

Хорке Меси: Лео останува во Барса

Таткото на Лео Меси ги демантира гласините за заминување на неговиот син од Барселона, вели дека луѓето ги преувеличуваат изјавите на напаѓачот

Шпанија

Во разговор со аргентинскиот весник Ole, ѕвездата на Барселона вчера под знак прашалник ја стави својата долгорочна иднина на Камп Ноу.

Денеска, Хорке Меси се обиде да ги појасни изјавите на неговиот син, и демантираше дека напаѓачот ќе замине од Барселона.

„Нема апсолутно ништо” – вели таткото на Меси. „Нашата идеа е Лео да остане тука”.

„Луѓето се обидуваат да читаат помеѓу редови и да ги преувеличуваат работите”.

„Секако, доколку утре Барса каже ’добивме понуда, сакаме да те продадеме’, ќе го разгледаме предлогот”.

„Но во моментов нема нешто такво, и не размислуваме за заминување”.

„Лео е среќен”.