24фудбал

Меси не е сигурен дали ќе се пензионира во Барса

Лео Меси под знак прашалник ја стави својата долгорочна иднина во Барселона, Аргентинецот вели дека фудбалот постојано се менува и се може да се случи

Шпанија

Во разговор со аргентинскиот весник Ole, ѕвездата на ’Каталонците’ признава дека сака целата своја кариера да ја помине на Камп Ноу, но во исто време додава дека работите понекогаш не се одвиваат онака како што сакате.

Тој исто така вели дека фудбалот постојано се менува, се може да се случи во иднина, па затоа не може со сигурност да потврди дека ќе се пензионира во дресот на Барселона.

„Живеам во сегашноста” – рече 27 годишниот Меси. „Сакам да имам добра година и да ги освојам титулите што Барса ги посакува. Ништо повеќе”.

„Потоа ќе видиме. Во фудбалот се случуваат многу работи...”

„Постојано велам дека сакам да останам тука, но понекогаш работите не се одвиваат онака како што сакате”.

„Доколку зависи само од мене, ќе останам тука засекогаш. Но како што кажав претходно, не секогаш го добивате она што го сакате”.

„Особено во фудбалот, кој постојано се менува и каде можат да се случат многу работи”.

„Комплицирано е, особено во моментов со сите работи што се случуваат во Барселона”.