24фудбал

Мурињо: Доколку мислам дека не можам да победам нема да отпатувам

Жозе Мурињо под знак прашалник ја стави одлуката на Брендан Роџерс да ги одмори своите најдобри играчи против Реал Мадрид

Лига на Шампиони

Иако вчера ’Црвените’ гостуваа на легендарниот Сантијаго Бернабеу, Брендан Роџерс предност му даде на дуелот со Челзи во сабота, па стратегот реши да ги одмори своите најдобри играчи за средбата со Реал Мадрид.

Жозе Мурињо очигледно не е задоволен од ваквиот потег и под знак прашалник ја стави одлуката на неговиот колега да настапи со втор тим.

„Доколку Ливерпул одлучи да ги одмори своите најдобри играчи на дуел против шампионот на Европа, тоа е прашање за менаџерот на ’Црвените’, а не за мене” – вели ’Специјалниот’.

„Не можам да говорам во име на Ливерпул. Можам да говорам за себе”.

„Доколку еден ден чувствувам дека не можам да победам на некој натпревар, можеби нема ниту да отпатувам”.

„Против најтешките противници, нормално ќе се обидам да настапам со најдобриот тим”.