24фудбал

Анчелоти: Балотели не е единствениот проблем на Ливерпул

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти верува дека Марио Балотели не е единствениот виновник за слабите игри на Ливерпул оваа сезона

Лига на Шампиони

Напаѓачот ова лето пристигна на Енфилд во трансфер вреден 16 милиони фунти, но игра во лоша форма и има само два погодоци зад своето име.

На пресметката помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид пред две недели тој на теренот помина само 45 минути и беше заменет на полувремето.

Во пресрет на новиот дуел помеѓу ’Кралевите’ и ’Црвените’, Карло Анчелоти застана во одбрана на својот сонародник и истакна дека Марио Балотели не е единствениот проблем на Ливерпул.

„Многу се зборува за Балотели, можеби премногу” – рече тренерот на Реал Мадрид на денешната прес конференција.

„Марио има квалитет но се пресели во тим кој има проблеми поради загубата на клучен играч како Луис Суарез”.

„Мислам дека Балотели не е единствениот проблем на Ливерпул. И другите напаѓачи се мачат исто како што се мачи Марио. Потребно е тренерот да го пронајде правиот систем со сите нови играчи што пристигнаа”.

„Што се однесува до менувањето на дресовите со Пепе, многу играчи го прават тоа”.

„Не би го извадил Марсело од игра доколку на полувреме го замени дресот со некого”.

За утрешниот натпревар, Карло Анчелоти одново на располагање ќе го има Герет Бејл.

„Се е во ред со Бејл. Не знам само дали тој ќе биде стартер или ќе го започне натпреварот на клупата за резерви. Утре ќе одлучам”.

На утрешната средба, Роналдо би можел да го достигне рекордот на Раул и да стане најдобриот стрелец во историјата на најелитното европско натпреварување.

„Роналдо не мисли на рекордот на Раул” – додава Анчелоти. „Да, точно е дека тој утре може да го собори рекордот, но ова не е неговиот последен натпревар од Лигата на Шампионите”.

„Неговите мисли се насочени само кон тимот. Постојано ме прашувате за Роналдо, па се потешко ми е да кажам некои нови работи за него”.

„Тој е фантастичен фудбалер