24фудбал

Високи цени на влезниците за натпреварот Македонија - Словачка

Иако стадионот исклучително ретко се полни, ФФМ одреди високи цени за натпреварот против Словачка, билетите чинат до 500 денари.

Македонија
Иако избраниците на Бошко Ѓуровски сеуште не ја убедиле македонската јавност во своите квалитети, а Словачка и не е некој атрактивен противни, ФФМ се одлучи билетите за централните делови на јужната и северната трибина да чинат по 500 денари.
 
Најевтино ќе биде на запад, 100 денари, а во зависност од местото на седење покрај билети од 500 денари, на јужната и северната трибина ќе може да купите карти и за 150, 250 и 400 денари.
 
Се чини дека ова е уште еден погрешен потег на Фудбалската Федерација на Македонија, која наместо со евтини билети да го наполни стадионот за поголема поддршка на македонските фудбалери, тие повторно немаат чувство за стандарднот на нашиот граѓанин.