24фудбал

Пелегрини: Жално е што ќе играме пред празни трибини

Менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини вели дека дуелот со ЦСКА Москва ќе биде чуден бидејќи ќе се игра без публика

Лига на Шампиони

Поради дивеењето на навивачите на ЦСКА Москва на претходните натпревари, вечерашниот дуел на Химки Арената ќе се игра пред празни трибини.

Зборјувајќи на прес конференцијата, Мануел Пелегрини вели дека Лигата на Шампионите се игра за фановите, па менаџерот на ’Граѓаните’ верува дека фудбалот губи најмногу од ваквата ситуација.

„И пред неколку години имав вакво искуство, но не можам да се сетам кога точно” – рече Пелегрини.

„Ќе биде чудно бидејќи сите ќе можат да ги слушнат гласвоите на играчите за време на натпреварот”.

„Но немаме друга опција и мораме да играме вака”.

„Многумина мислат дека ЦСКА Москва ќе има најголема штета од ваквата ситуација, но мислам дека фудбалот е наголемиот губитник”.

„Жално е што не можеме да играме со фанови на трибините. Ова шоу е за фановите, па натпреварот ќе биде чуден”.