24фудбал

УЕФА покрена дисциплинска постапка против Србија и Албанија

УЕФА започнува дисциплинска постапка против Србија и Албанија за нередите кои се случуваа на квалификацискиот натпревар против овие две селекции.

ЕУРО 2016
Немилите сцени од Белград се тема број еден во фудбалска Европа, денеска и УЕФА се огласи по повод инцидентите.
 
Куќата на Фудбалот ќе покрене дисциплинска постапка против двете селекции.
 
Србија ќе одговара за фрлање бакљи на теренот, поради односот на публиката, поради влетување во терен на навивачите, лошата организација и користење на ласери.
 
Селекцијата на Албанија е обвинета за несакање да го продолжи натпреварот, како и за истакнување на парола со политичка содржина.
 
Конечната одлука ќе биде соопштена на 23. октомври.