24фудбал

Симеоне: Дуелот со Јуве е како финале

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне очекува тежок тест против Јувентус и го опиша дуелот како финале

Лига на Шампиони

Шампионот на Шпанија загуби на гостувањето кај Олимпијакос во првото коло, па трите бода од средбата со Јуентус се од голема важност за Атлетико Мадрид.

„Овој дуел е како финале” – рече Диего Симеоне на прес конференцијата. „Исто како што ќе биде и оној против Валенсија и следниот натпревар против Еспањол”.

„Јувентус секогаш бил силен тим и не е лесно да се пронајдат слабости во нивната игра. Имаат опасен напад и квалитетен среден ред”.

„Ќе треба да одиграме на високо ниво”.

Карлос Тевез е во одлична голгетерска форма и Диего Симеоне е свесен за опасноста што ја носи неговиот сонародник.

„Добро го познаваТевез, тој е извонреден фудбалер” – вели тренерот на Атлетико.

„Колку поблиску игра до голот, толку е поопасен. Тешко е да го контролирате”.

„За да го спречиме ќе треба постојано да му вршиме притисок, да не му дозволиме да мисли, да не му дозволиме да ја има топката”.