24фудбал

Ибрахимовиќ нема да настапи против Барселона

Лоши вести за ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ нема да биде подготвен за дуелот од Лигата на Шампионите против Барселона.

Лига на Шампиони
Утре ПСЖ ја пречекува Барселона во второто коло од групната фаза од Лигата на Шампионите.
 
Францускиот шампион нема да смета на својот најдобар фудбалер, Златан Ибрахимовиќ кој не успеа навреме да ја санира повредата на петата.
 
Повредата на Ибра не е единствената главоболка на Лорен Блан, тој нема да може да смета ниту на Тиаго Силва, ниту на Езекиел Лавеци кои исто така се повредени.