24фудбал

Шест месеци суспензија за Брандао

Напаѓачот на Бастија, Брандао доби шест месеци суспензија за инцидентот со Тиаго Мота по кој фудбалерот на ПСЖ заврши со скршен нос

Франција

По поразот од 2-0 на гостувањето на Паркот на Принцовите на 16. август, Брандао реши да се пресмета со својот сонародник Тиаго Мота во тунелот кон соблекувалните.

Брандао со глава го удри во лицето Тиаго Мота, кој заврши со скршен нос.

Откако Дисциплинскиот Комитет при ЛФП вчера ги слушна изјавите на двајцата играчи, реши да го казни напаѓачот на Бастија со шест месеци суспензија.

Брандао ќе ги пропушти следните 21 натпревари од првенството на Франција и нема да може да игра за Бастија се до 22. февруари 2015.

Но проблемите за напаѓачот не застануваат тука, тој во ноември ќе треба да се појави пред криминален суд поради насилство на спортска арена.

Затворска казна, парична глоба и забрана за патување на спортски натпревари се казните што може да ги добие доколу биде осуден.