24фудбал

Гвардиола: Одигравме многу добар натпревар

Пеп Гвардиола не го крие задоволството по новата победа на Сантијаго Бернабеу, има пофалби за своите фудбалери, но и предупредува дека Реал Мадрид брзо ќе се врати.

Шпанија
Барселона синоќа со 3-1 го победи Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу и бодовно се израмни со Кралскиот клуб кој има и натпревар помалку.
 
"Среќен сум со перформансите кои ги прикажавме" - вели Пеп Гвардиола.
 
Реал Мадрид дојде во водство по само 22 секунди игра откако Виктор Валдез направи катастрофална грешка.
 
"Најдобрата работа е тоа дека Валдез продолжи на тој начин да ја додава топката и после примениот гол. Тоа ја покажува неговата сила и силата на тимот".
 
"Реал Мадрид ќе се опорави. Да победите тука потребно е да имате многу добар натпревар, и сега имавме токму таков".
 
"Тие остануваа лидери доколку победат во Севиља".