24фудбал

Горан Попов потпиша за Вардар

Искусниот македонски бек, Горан Попов стави потпис на три годишен договор со Вардар откако раскина со Динамо Киев.

Македонија
Горан Попов сепак во Вардар, договорот не успеа да се комплетира до крајот на летниот преоден рок, но Струмичанецот сега е нов фудбалер на Црвено-црните.
 
Денеска бекот стави потпис на три годишен договор со Вардар, а право на настап ќе има од почетокот на следната година, до тогаш ќе игра за Б тимот на Вардар во новоформираната лига за Б тимови.
 
Пред да стави потпис на договор со Вардар, Попов го раскина договорот со Динамо Киев.