24фудбал

Бензема: Фановите на Реал го исвиркуваа и Зидан

Карим Бензема не е загрижен што добива свирежи од фановите на Реал Мадрид, вели дека тоа им се случило и на големи играчи како Зинедин Зидан и Роналдо

Шпанија

Репрезентативецот на ’Триколорите’ игра слабо на почетокот од оваа сезона, а покрај критиките често добива и свирежи од сопствените фанови.

Во разговор со RMC, Карим Бензема вели дека воопшто не е загрижен од ваквиот развој на настаните, и додава дека во минатото биле извиркувани и големи играчи како Зинедин Зидан и Роналдо.

„Играм во голем клуб и секогаш се очекува многу од мене” – вели Французинот. „Напаѓач сум на Реал Мадрид и тоа значи дека треба да постигнувам гол на секој натпревар”.

„Ме исвиркуваа минатата сезона. Икер Касиљас исто така беше исвиркуван. Сите големи играчи што го носеле дресот на Реал Мадрид биле исвиркувани. Тоа им се случило и на Роналдо, Зидан...”

„Ова не преставува никаков проблем за мене”.

„Ќе продолжам да работам напорно за да ја променам ситуацијата. Ќе зборуваме за тоа што сум освоил кога ќе ставам крај на кариерата”.

„Играм за голем клуб, знам дека очекувањата се огромни”.

„Бев исвиркуван и на Стад де Франс кога играв со Франција, и не дозволив тоа да влијае на мене”.

„Се концентрирам само на мојата игра. Уживам во фудбалот и играм за најдобриот клуб во светот”.