24фудбал

Тевез: Среќен сум со погодоците

Карлос Тевез е среќен што по 5 години пауза одново е стрелец во Лигата на Шампионите, но вели дека поважен е успехот на тимот

Лига на Шампиони

Јувентус вчера со 2-0 славеше над дебитантот Малме, а Карлос Тевез беше двоен стрелец.

Напаѓачот, кој немаше постигнато гол на 14 средби во Лигата на Шампионите, вели дека е среќен со погодоците, но инсистира дека поважен е успехот на тимот.

„Среќен сум со погодоците, но поважно е тоа што забележавме победа” – вели Аргентинецот.

„Играм за тим, и со овој тим секогаш играм како да е последен натпревар”.

Минатата сезона, Јуве испадна уште во фазата по група, па Карлос Тевез се надева дека тие ја научиле лекцијата.

„Знаеме дека треба да победиме на секој натпревар. Весниците велат дека ова е лесна група, но доколку во предвид го земеме искуството од минатата сезона, знаеме дека тоа не е точно”.

„Минатата сезона не ја поминавме групата и тоа беше големо разочарување”.

Запрашан која е целта на ’Старата Дама’ во најелитното европско натпреварување, Тевез одговори: „Најпрво треба да се пласираме во нок-аут фазата, потоа ќе видиме колку далеку можеме да стигнеме”.