24фудбал

Анчелоти: Одигравме одлично

Карло Анчелоти е задоволен од реакцијата на фудбалерите на Реал Мадрид по поразот во градското дерби од Атлетико.

Лига на Шампиони
По двата пораза во низа во Примера, Реал Мадрид бесот го истури врз Базел кој синоќа го победи со убедливи 5-1.
 
„Се подобривме, реагиравме добро. Најважно беше да почнеме добро. Одигравме одличен натпревар" - вели Анчелоти.
 
„Видов добар Карим Бензема. Одигра многу добро. Тројцата офанзивни фудбалери беа многу добри. Родригез исто така беше одличен".
 
„Задоволен сум и од изданието на Икер Касиљас, ми се допадна она што го видов од него".