24фудбал

Дебуши три месеци во аут

Поради повреда на зглобот, новото засилување на Арсенал, Метју Дебуши, околу три месеци ќе биде надвор од терените.

Англија
Дебуши малерозно ја започна својата кариера во Арсенал откако на дуелот против Манчестер Сити поради повреда пред време го заврши натпреварот.
 
Французинот самиот се повреди откако незгодно згазна по што мораше на носилки да биде изнесен од теренот.
 
Според информациите од лекарскиот тим на Арсенал, Дебуши ќе биде надвор од теренот околу три месеци.
 
Како замена на таа позиција Арсенал го има одличниот Калум Чемберс кој може да игра како десен бек но и како централен дефанзивец.