24фудбал

Коста: Ќе има моменти кога нема да можам да постигнам гол

Напаѓачот на Челзи, Диего Коста е во извонредна голгетерска форма, но не паѓа во еуфорија и предупредува дека ќе има моменти кога нема да може да ги тресе противничките мрежи

Англија

Репрезентативецот на Шпанија одлично ја започна кариерата на Стемфорд Бриџ, постигна четири погодоци во првите три кола и ја доби наградата за Играч на Месецот во Премиер лигата во август.

Диего Коста во саботата продолжи онаму каде што застана пред две недели, и забележа хет-трик во победата од 4-2 над Свонси.

Напаѓачот вели дека заслуга за неговата извонредна голгетерска форма имаат соиграчите, и предупредува дека ќе има моменти кога нема да може да ги тресе противничките мрежи.

„Различно е за секој напаѓач кој доаѓа тука” – вели Коста.

„Секој напаѓач има сопствен стил на игра, свои јаки страни и различен тим позади него”.

„Тоа е многу важно. Доколку немате соодветен тим зад вас, нема да можете сам да правите се. Многу зависите од тимот”.

„Се обидувам да играм најдобро што можам, и се надевам дека ќе продолжам да ги тресам противничките мрежи. Но ќе има моменти кога нема да можам да постигнувам голови, таков е фудбалот”.