24фудбал

Само реми за Вардар против Ренова

Вардар испушти победа во финишот од натпреварот против Ренова која успеа да си замине со бод од гостувањето кај лидерот на табелата.

Македонија
Вардар уште еднаш оваа сезона покажа дека тешко му оди против екипи кои играат затворено.
 
Црвено-црните во 69. минута преку Филип Петковски успеаа да го скршат бункерот на Ренова, но не успеаа да го сочуваат водството до крај.
 
Во 89. минута Изаир Емини постигна гол за конечни 1-1.
 
Шкендија со убедливи 3-0 го победи Силекс, со истиот резултат Пелистер славеше над Тетекс.
 
Работнички со 2-1 победи на гостувањето кај Брегалница, Металург со 1-0 загуби во Турново.
 
Табела: Вардар 15, Пелистер 13, Силекс 12, Шкендија 11, Металург 11, Работнички 10, Турново 10, Ренова 9, Брегалница 3, Тетекс 2.