24фудбал

Ремзи се повреди

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Арон Ремзи заработи повреда на натпреварот помеѓу Андора и Велс.

Англија
Во судиското продолжение од квалификацискиот натпревар во Андора, Арон Ремзи поради повреда на зглобот го напушти дуелот.
 
Лошиот терен на кој се играше натпреварот е причината за повредата на Ремзи, дополнителните тестови ќе покажат дали и колку време Велшанецот ќе отсуствува од терените.
 
Арсенал викендов игра голем дерби натпревар, на Емирати го пречекува шампионот, Манчестер Сити.