24фудбал

Видео: „Една ноќ во Истанбул“

„Една ноќ во Истанбул“ е филм базиран на неверојатното финале на Лигата на Шампионите од 2005 година кога Ливерпул на полувреме губеше 3-0 од Милан, но на крајот го крена големиот трофеј.

Видео
Филмот „Една ноќ во Истанбул“ го опишува одличниот натпревар, веројатно најинтересниот во историјата на Лигата на шампионите, во кој Ливерпул по 0-3 на полувремето успеа да се подигне од пепел, да израмни и потоа да слави по изведување на пенали.
 
Приказната следи двајца таксисти од Ливерпул, страстни навивачи, на кои им се случуваат најразлични ситуации во магичната ноќ.
 
Премиерата на филмот е закажана за 11. септември.