24фудбал

Гвардиола: Треба да одиграме перфектно за да го победиме Реал Мадрид

Тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола смета дека неговиот тим ќе мора да одигра перфектен натпревар за да го победи Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу.

Шпанија
Вечерва Барселона му гостува на Реал Мадрид во уште една мега пресметка помеѓу двата големи ривали.
 
Пеп Гвардиола очекува Реал Мадрид да започне со пресинг, нешто што Кралевите го прават во последните натпревари, формула која се покажа како успешна.
 
"Мислам дека Реал Мадрид ќе притисне. Кога некој има такви резултати, нормално е да игра на истиот начин. Треба да одиграме перфектно за да победиме" - вели Гвардиола.
 
"Секогаш има емоции кога играте на толку голем терен како што е Сантијаго Бернабеу. Ние гостуваме кај лидерот на табелата и ќе дадеме се од себе за да одиграме најдобро што можеме".
 
Притисокот е на страната на Барселона, бидејќи Реал Мадрид има три бода предност и натпревар помалку, па доколку загубат, Каталонците веќе ќе имаат сериозна негатива која ќе биде тешко да се надополни.
 
Но, Гвардиола вели дека позициите на табелата не создаваат тежина врз неговиот тим.
 
"Не мислам дека тоа што Реал Мадрид е на врвот, ќе има големо влијание на натпреварот".
 
"Најважно е да го познавате вашиот противник, да ги знаете вашите силни страни и слабите точки на противникот".
 
"Мора да внимаваме на нивната позициона игра, нивната стратегија и нивните контра напади".