24фудбал

Ројс повторно се повреди

Марко Ројс заработи нова повреда на зглобот, во последните минути од натпреварот против Шкотска доби удар поради кој мораше да го напушти теренот.

Германија
25-годишниот играч на Борусија Дортмунд нема среќа со повредите, од таа причина го пропушти и Светското првенство во Бразил.
 
Вечерва Ројс заработи повреда во судиското продолжение од натпреварот против Шкотска поради која беше заменет со Гинтер.
 
Дополнителните тестови ќе ја покажат тежината на повредата, селекторот Лев верува дека не е страшно.
 
„Се чини дека не е толку лошо" - изјави Лев во изјава за RTL по натпреварот.