24фудбал

Ибрахимовиќ е најдобриот стрелец во историјата на Шведска

Ѕвездата на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ синоќа го постигна 50. гол за шведската репрезентација со што го помина Свен Ридел на вечната голгетерска листа и стана најдобриот стрелец на Шведска.

Видео
Во пријателски натпревар Шведска со 2-0 ја совлада Естонија, а стрелец и на двата гола беше Златан Ибрахимовиќ.
 
Ибра во 3. минута погоди за водство на Шведска, гол со кој се изедначи со Свен Ридел, а 20 минути подоцна во негов стил, со пета, го постигна и рекордниот 50. негов гол за шведската репрезентација.
 
Рекордот на Свен Ридел беше стар 94 години, тој до 1932 успеа да постигне 49 голови за Шведска.