24фудбал

Официјално: Милан потпиша со Бонавентура

Џакомо Бонавентура се пресели од Аталанта во Милан за сума од 7 милиони евра, фудбалерот потпиша пет годишен договор со Росоњерите.

Италија
Откако пропадна трансферот на Биабиани, Милан реагираше брзо и успеа да го обезбеди потписот на Бонавентура.
 
Според италијанските медиуми, Милан за овој трансфер ќе плати 7 милиони евра.
 
„Бонавентура е одличен фудбалер но и голем човек" - изјави Адриано Галијани".
 
„Парите од продажбата на Кристанте ги инвестиравме на Бонавентура. Веднаш штом пропадна трансферот на Биабиани, ние тргнавме по фудбалерот на Аталанта".