24фудбал

Манчестер Јунајтед го комплетираше трансферот на Билнд

Далеј Блинд е нов фудбалер на Манчестер Јунајтед, Црвени Ѓаволи за овој трансфер ќе платат 14 милиони фунти.

Англија
Покрај Фалкао, Манчестер Јунајтед пред крајот на преодниот рок го комплетираше и трансферот на Далеј Блинд.
 
24-годишниот холандски репрезентативец стави потпис на четири годишен договор а Јунајтед за овој трансфе ќе плати сума од 14 милиони фунти.
 
„Голема чест е да се потпише за Манчестер Јунајтед" - вели Блинд.
 
„Во Ајакс бев од мојата седма години и секогаш ќе имам прекрасни спомени од тој клуб".
 
„Луис ван Гал е фантастичен тренер со кој работев во Ајакс и во холандската репрезентација и не можам да дочекам да почнам да работам со него во еден од најголемите клубови во светот".