24фудбал

Фалкао: Среќен сум што ќе играм за Манчестер Јунајтед

Радамел Фалкао е задоволен од трансферот во Манчестер Јунајтед, Колумбиецот сака да даде допринос за тимот да се врати онаму каде што припаѓа, на врвот.

Англија
Пред крајот на преодниот рок Манчестер Јунајтед го комплетираше трансферот на Фалкао, Колумбиецот на Олд Трафорд доаѓа на едногодишна позајмица со можност комплетно да биде откупен.
 
Среќен сум што ќе играм на позајмица во Манчестер Јунајтед" - изјави Фалкао по комплетирањето на трансферот.
 
Манчестер Јунајтед е еден од најголемите клубови во светот и посветен повторно да се врати на врвот. Среќен сум што ќе работам со Ван Гал и сакам да дадам допринос за успех на овој тим".
 
Во самиот финиш од преодниот рок, Манчестер Јунајтед го комплетираше и трансферот на Далеј Блинд.