24фудбал

Негредо го комплетираше трансферот во Валенсија

Напаѓачот на Манчестер Сити, Алваро Негредо се пресели на едно годишна позајмица во Валенсија со можност целосно да биде откупен следното лето.

Шпанија
Пред крајот на преодниот рок Валенсија успеа да го комплетира ангажманот на Алваро Негредо.
 
Шпанскиот напаѓач постигна 23 гола во првата сезона во Англија, но последните погодоци му беа во јануари по што следуваше пад во формата.
 
Стеван Јоветиќ има одличен старт на сезоната, па Негредо беше ставен на продажба,
 
Тој ќе игра како позајмен во Валенсија, а шпанскиот клуб ќе има опција целосно да го откупи неговиот договор следното лето.