24фудбал

Роналдо не e најсреќен со трансфер политиката на Реал Мадрид

Кристијано Роналдо не е најсреќен со потезите на Флорентино Перез во летниот преоден рок, Португалецот смета дека Ди Марија и Алонсо ќе бидат голема загуба за Реал Мадрид.

Шпанија
Роналдо вели дека не може да каже што мисли за трансфер политиката на Реал Мадрид со што индицира дека не е задоволен од промените во Кралскиот клуб.
 
Реал Мадрид ги купи Џејмс Родригез, Тони Крос, Кејлор Навас и Чичарито, а Сантијаго Бернабеу го напуштија Чаби Алонсо, Анхел Ди Марија, Диего Лопез и Алваро Мората.
 
Тимот на Анчелоти не импресионира во воведниот дел од сезоната, а Роналдо не е задоволен од случувањата во клубот.
 
„Имам мои размислувања, но не можам секогаш да кажувам што мислам. Во спротивно, утре насловните страници би биле полни со она што ќе го кажам, а не го сакам тоа" - изјави Роналдо.
 
„Но доколку претседателот смета дека најдобро за тимот е да се потпише со тие фудбалери кои дојдоа, а да заминат тие кои заминаа, ние мораме да ја почитуваме и да ја поддржиме неговата одлука".
 
„Ди Марија и Чаби беа многу важни за нас, но тие заминаа, ние треба да бидеме среќни со новите фудбалери кои дојдоа. Сигурен сум дека ќе биде добро"