24фудбал

Поради Закардо пропадна трансферот на Биабиани во Милан

Трансферот на Биабиани во Милан пропадна откако Закардо не ги договори личните услови со Парма.

Италија
Иако беше презентиран како ново засилување на Милан, Биабиани ќе остане во Парма откако Закардо кој требаше да биде дел од трансферот не успеа да ги договори личните услови со клубот.
 
Биабиани се сликаше во дрес на Милан, а Росоњерите преку својот твитер профил го потврдија трансферот, сепак во последен момент зделката доживеа колапс.
 
Закардо не успеа да ги договори личните услови со Парма, па овој трансфер се чини дека нема да се реализира иако има некои најави од Италија дека Милан ќе понуди поголема сума за да го ангажира Биабиани без фудбалер во спротивниот правец.