24фудбал

Кагава се врати во Дортмунд

Шинџи Кагава го напушти Манчестер Јунајтед и се врати во Борусија Дортмунд во трансфер вреден околу 8 милиони евра

Германија

По две одлични сезони во дресот на ’Милионерите’, Шинџи Кагава во 2012 се пресели на Олд Трафорд, но не успеа да се наметне кај Сер Алекс Фергусон и Дејвид Мојс.

Репрезентативецот на Јапонија не се вклопи ниту во тактичките замисли на Лиј ван Гал, па доби дозвола од лидерите на клубот да направи трансфер.

Борусија Дортмунд реагираше експресно и го врати Шинџи Кагава во своите редови.

„Шинџи Кагава се враќа во Борусија Дортмунд!” – гласеше известувањето на клубот од Сигнал Идуна Парк.

„Јапонецот стави потпис на четири годишен договор со трајност до 30. јуни 2018”.

За трансферот во Дортмунд, Кагава рече: „Денот кога заминав, реков дека поглавјето наречено Борусија Дортмунд не е завршено”.

„Сакав да го остварам сонот за настап во Премиер Лигата”.

„Сега едноставно сум задоволен што се врати во Дортмунд, кај овој фантастичен тим и овие уникатни фанови”,

„БВБ ми е како семејство и горд сум што тие не ме заборавија”.

Се верува дека ’Милионерите’ за услугите на плејмејкерот платиле околу 8 милиони евра, двојно помалку од сумата што ’Црвените Ѓаволи’ ја одвоија пред две години за да го донесат на Олд Трафорд.