24фудбал

Лудогорец е во Лигата на Шампионите, херојот се вика Козмин Моци

Играчот на Лудогорец, Козмин Моци кој принудно застана на голот во пенал серијата, успеа да фати два удари од белата точка на фудбалерите на Стеауа и да му донесе на бугарскиот тим пласман во Лигата на Шампионите.

Лига на Шампиони
Лудогорец е последниот патник во групната фаза од Лигата на Шампионите, најзаслужен за елиминацијата на Стеауа е романскиот фудбалер Козмин Моци кој го носи дресот на тимот од Бугарија.
 
Но огромен дел од заслугите одат и на адреса на Вандерсон кој во 90. минута постигна прекрасен гол за победа на Лудогорец од 1-0, па со вкупни 1-1 натпреварот отиде во продолженија.
 
Во дополнителните 30 минути немаше погодок, а вистинската драма почна од 119 минута кога голманот на Лудогорец заработи црвен картон.
 
Лудогорец разбирливо до тој момент ги имаше извршено сите измени, па на голот застана дефанзивецот, Козмин Моци.
 
Во пенал серијата најпрво прецизно го изведе првиот пенал за Лудогорец, а потоа успеа два пати да одбрани и да му донесе огромна радост на бугарскиот тим.
 
Лудогорец славеше победа во натпревар со луд финиш, ситуација каква што можеби до сега не се ни случила.