24фудбал

Манчестер Јунајтед постигнал договор за трансфер на Артуро Видал

Според Gazzetta Dello Sport, Манчестер Јунајтед и Јувентус се договориле за трансфер на Видал на Олд Трафорд.

Англија
По ангажманот на Анхел Ди Марија за рекордна сума, во Манчестер следува нов трансфер бомба, ѕвездата на Јуве, Артуро Видал треба да пристигне на Олд Трафорд.
 
Според Gazzetta Dello Sport, Манчестер Јунајтед и Јувентус го договориле трансферот кој треба да изнесува 42 милиони евра.
 
Италијанскиот весник пишува дека за 24-48 часа се ќе биде јасно, а Јувентус во Фреди Гуарин ќе ја бара замената за Видал.
 
Манчестер Јунајтед има срамен старт на сезоната, па раководството во последните денови од преодниот рок се обидува да му ги исполни трансфер желбите на Луис ван Гал со цел да креира тим кој ќе ги врати славните денови на Олд Трафорд.