24фудбал

Столе Димитриевски дебитираше за Гранада

Столе Димитриевски е првиот македонски голман кој застана меѓу стативите на тим од Примера.

Македонија
Голем ден за нашиот Столе Димитриевски, младиот македонски голман го имаше својот прв старт за Гранада.
 
20-годишниот Димитриевски е првиот Македонец кој бранел за тим во шпанската Примера.
 
Сепак, Димитриевски не ја започна најдобро, по негов кикс Депортиво дојде во водство со 1-0.
 
Фудбалерите на Гранада во текот на вториот дел успеаа да направат комплетен пресврт и да дојдат до трите бода победувајќи со 2-1, па грешката на нашиот голман нема многу да го чини тимот.