24фудбал

Марибор не успеа да го победи Селтик

Марибор и Агим Ибраими не успеаа да дојдат до предност во првиот дуел со Селтик, натпреварот заврши 1-1, Зенит славеше гостинска победа кај Стандард, Порто го совлада Лил.

Лига на Шампиони
Првата пресметка помеѓу Марибор и Селтик заврши без победник 1-1, тимот на Агим Ибраими не успеа да создаде предност.
 
Натпреварот започна ефикасно, во 6. минута МекГрегор му донесе предност на Селтик, а осум минути подоцна Бохар го изедначи резултатот на 1-1.
 
Иако стартот најави ефикасен натпревар, тука запреа головите, и двете екипи имаа по неколку шанси, но натпреварот заврши без победник.
 
Ибраими ги одигра сите 90 минути, упати една бомба од далечина, имаше и удар со глава, но голманот Гордон беше поуспешен и во двата наврати.
 
Резултат кој му одговара на Селтик, Марибор ќе мора да постигне гол на гостински терен.
 
Зенит со гол на Шатов во 16. минута дојде до победа на гостувањето кај Стандард, триумф кој со едната нога го носи во групната фаза од Лигата на Шампионите.
 
На идентична победа се радуваше и Порто кај Лил. Португалскиот тим славеше со гол на Херера во 61. минута.
 
Алборг и АПОЕЛ одиграа 1-1, идентично како и Слован и БАТЕ Борисов.