24фудбал

Металург елиминиран од Купот на Македонија, Вардар убедлив

Елиминацијата на Металург е најголемото изненадување во денешните натпревари од Купот на Македонија, Вардар и Турново убедливи.

Македонија
Најголемото изненадување во Купот на Македонија го приреди Победа Јуниор која го елиминираше тимот кој играше во последното финале, Металург победувајќи го со 3-2.
 
Вардар немаше проблеми во Струга, Црвено-црните ја покажаа својата сила совладувајќи го Влазними со убедливи 9-1. Седум од деветте гола ги постигнаа двајца фудбалери на Вардар, Петковски даде четири, Петров постигна хет-трик.
 
Убедлива беше и екипата на Хоризонт Турново која со 8-0 го доби натпреварот против Фортуна.
 
Резултати 1/16 финале:
 
Победа Ј. - Металург 3:2
Влазними - Вардар 1:9
Фортуна - Хоризонт Турново 0:8
Кожув - Македонија Ѓ. П. 2:1
Младост - Брегалница (Ш) 0:1
Саса - Ренова 0:2
Беласица - Напредок 1-1 (3:5 на пенали)
Брегалница (Д) - Дрита 1:4
Новаци - Гостивар 0:5
Гоблен - Тетекс 0:3
Работник - Силекс 0:3 (службено)
 
вчера: 
11 Октомври - Шкупи 0:9
 
утре:
Вулкан - Пелистер