24фудбал

Свонси го комплетираше трансферот на Фернандез

Свонси го потврди трансферот на аргентинскиот дефанзивец Фредерико Фернандез од Наполи, тој потпиша четири годишен договор со велшкиот клуб.

Англија
Фернандез од Наполи се сели во Свонси, фудбалерот кој не ја доби вистинската шанса во Италија, ќе се обиде да се избори за место во стратниот тим на премиерлигашот.
 
Аргентинецот денеска стави потпис на четири годишен договор со што го завери трансферот кој претходно беше најавен.
 
Се очекува Фернандез да биде во составот за саботниот натпревар против Барнли.