24фудбал

ФИФА ја одби жалбата, забраната за трансфери на Барса стапува на сила!

Барселона нема да може да прави трансфери во наредните два преодни рока, а Каталонците ќе платат и парична казна.

Шпанија
Барселона беше обвинета за финансиски малверзации и нерегуларности во врска со трансфери и регистрација на играчи под 18 години.
 
ФИФА и изрече забрана за трансфери во два последователни преодни рока, но санкцијата беше одложена откако Барса достави жалба на таа одлука.
 
ФИФА сега ја одби жалбата на Барселона и ја активираше забраната за трансфери на клубот, па тие во јануарскиот преоден рок и следното лето, нема да можат да бидат активни на пазарот.
 
Во наредните 90 дена, Барселона ќе мора да плати и парична казна во висина од 450 000 франци.