24фудбал

Без победник на првиот Суперкуп натпревар во Шпанија

Реал Мадрид не успеа да оствари предност на Сантијаго Бернабеу во првиот суперкуп дуел против Атлетико Мадрид, натпреварот заврши 1-1.

Шпанија
Дуелот помеѓу градските ривали се одликуваше со тврда игра, без многу шанси за гол и на двете страни и очекувана тензија.
 
По разочарувачкото прво полувреме, Реал Мадрид додаде гас во вториот дел во обид да дојде до посакуваниот погодок.
 
Кристијано Роналдо кој се пожали на повреда, остана во соблекувалната, на негово место влезе Родригез.
 
Почнаа почесто да се редат нападите кон голот на Моја, а неговата мрежа беше затресена во 81. минута кога Хамес Родригез погоди за радост на Бернабеу. Деби погодок за Колумбиецот во дресот на Реал Мадрид.
 
Се чинеше дека Кралевите ќе го добијат дуелот, но во 88. минута се тресеше и мрежата на Касиљас, Раул Гарсија погоди за 1-1 кои на крајот се покажаа и конечни.
 
Во самиот финиш судијата можеше да покаже на белата точка откако Марио Суарез играше со рака во својот шеснаесетник, но не беше досуден пенал за Реал Мадрид.
 
Победникот на Суперкупот во Шпанија ќе се решава во реванш натпреварот кој на програмата е во петок на Висенте Калдерон.