24фудбал

Мурињо молчи пред ’Ел Класико’; Каранка ќе се појави на пресот

Жозе Мурињо реши да молчи пред дерби дуелот со Барселона па на денешната прес-конференција ќе се појави неговиот прв асистент, Аитор Каранка

Шпанија

Утрово, Кралскиот клуб на својата веб страна соопшти дека првиот асистент, Аитор Каранка, а не Жозе Мурињо, ќе се појави пред медиумите на редовната средба со новинарите во пресрет на утрешниот мега дуел помеѓу Реал Мадрид и Барселона на Сантијаго Бернабеу.

Прес-конференцијата ќе се одржи околу 13:30 по утринскиот тренинг, кој Реал ќе го одработи зад затворени врати.

Реал Мадрид не објаснува зошто ’Специјалниот’ ќе молчи во пресрет на ’Ел Класико’, но Аитор Каранка и претходно во голем број наврати го заменувал Жозе Мурињо на прес-конференциите.

Мурињо реагираше слично и минатата сезона, кога одби да разговара со медиумите во пресрет на второто ’Ел Класико’ кое се играше во април месец.

Португалецот се појави на прес-конференцијата, но сите прашања тогаш ги одговори Аитор Каранка.