24фудбал

Кедира заминува од Реал Мадрид

Сами Кедира ќе го напушти Реал Мадрид откако комплетно беше изоставен од Суперкуп натпреварот против Севиља.

Шпанија
За Кедира немаше место ниту на клупата за резервни играчи во натпреварот од Суперкупот на Европа на кој Реал Мадрид славеше со 2-0 над Севиља и го крена пехарот.
 
Шпанскиот весник, Marca во денешниот број му посветува големо внимание на случајот со Кедира.
 
Како најсериозни кандидати беа посочувани Арсенал и Челзи, но како одминуваше времето шпекулациите стивнуваа.
 
Marca пишува дека Кедира сепак може да заврши во Арсенал, бидејќи Венгер има потреба од дефанзивен играч за врска, но не ја исклучува можноста да се обнови соработката помеѓу Мурињо и германскиот фудбалер, иако опцијата за преселба во Челзи е понереална.
 
Покрај Кедира од Реал Мадрид најверојатно ќе си замине и Анхел Ди Марија кој остана на клупата на натпреварот против Севиља.
 
Со продажба на овие двајца фудбалери, Реал Мадрид можеби пред крајот на преодниот рок ќе се обиде да го ангажира Радамел Фалкао кој постојано се поврзува со Кралскиот клуб.