24фудбал

Анчелоти: Крос и Родригез ќе играат против Севиља

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вели дека летните засилувања Тони Крос и Џејмс Родригез ќе бидат стартери против Севиља во Суперкупот на Европа

Лига на Шампиони

Италијанецот исто така пренесе дека се е во ред со Кристијано Роналдо, повредата на Португалецот е минато па и тој би требало вечерва да настапи во Кардиф.

„Крос и Џејмс ќе започнат од првата минута” – рече на прес конференцијата Анчелоти.

„Се е во ред со Кристијано Роналдо. Работи со полна пареа и нема никакви проблеми. Стори се што требаше со цел да биде фит за дуелот со Севиља”.

„Повредите од минатата сезона се минато, мислам дека одлично ќе ја започне новата сезона”.

За противникот, тој рече: „Севиља ни создаде доста проблеми минатата сезона, па очекувам тежок натпревар”.

„Ова лето претрпеа одредени промени во средниот ред од тимот, но нивниот стил и пристап кон натпреварите ќе остане ист”.

Карло Анчелоти исто така вели дека Герет Бејл оваа сезона ќе биде уште подобар.

„Минатата сезона, Бејл не беше на подготовките со нас, па му беше потребно време да влезе во полн ритам”.

„Но сега во целост ги одработи подготовките, плус веќе ја знае атмосферата во Реал Мадрид, ги знае играчите па сигурен сум дека ќе биде подобар оваа сезона”.

„Физички и ментално тој е во перфектна кондиција, па сигурен сум дека ќе биде подобар во споредба со минатата сезона”.