24фудбал

УЕФА го врати Селтик во Лигата на Шампионите

Селтик сензационално е вратен во Лигата на Шампионите, УЕФА ја исфрли Легија Варшава од најелитното европско натпреварување поради настап на фудбалер кој бил суспендиран

Лига на Шампиони

Шампионот на Полска го надигра Селтик во првиот натпревар од третото квалификациско коло и славеше со 4-1 пред своите фанови, а пласманот во плеј-офот го потврди со победа од 2-0 на гостувањето во Шкотска.

Но и покрај ваквиот одличен резултат, Легија Варшава утрово е изфрлена од Лигата на Шампионите.

УЕФА вчера покрена постапка откако на реванш натпреварот, во 86. минута во игра влегол Бартош Берешински, кој требал да одработи суспензија од три натпревар за црвени картон што го заработил на натпревар од Лига Европа минатата сезона.

Тој го прескокнал двомечот против Сент Патрикс во второто квалификациско коло, како и првиот натпревар со Селтик.

Но проблем е што тој не бил пријавен за дуелот со Сент Патрикс, па со тоа суспензијата од три натпревари не стапила во ефект.

И покрај тоа што Берешински на теренот поминал само неколку минути, кога резултатот веќе бил познат, УЕФА на Селтик му додели службена победа од 3-0.

Па шампионот на Шкотска благодарејќи на голот што го постигна во гости, со вкупен резултат од 4-4 обезбеди место во плеј-офот од Лигата на Шампионите.

Легија Варшава својот настап ќе го продолжи во плеј-офот од Лига Европа.

Шампионот на Полска соопшти дека ќе поднесе жалба откако во писмена форма ќе го добие образложението за ваквата одлуката на УЕФА.