24фудбал

Елиминација на Динамо Загреб и Партизан

Иако имаа позитивни резултати по првите натпревари, групната фаза од Лигата на Шампионите ќе остане неисполнета мисија за Динамо Загреб и Партизан оваа сезона.

Лига на Шампиони
Динамо Загреб го победи Алборг во Данска со 1-0, резултат повеќе од поволен, но хрватскиот шампион успеа да го прокоцка, загуби на Максимир со 2-0 и го заврши настапот во Европа.
 
Јакобсен беше херојот на Алборг, со двата негови гола, Данците славеа пласман во плејофот за влез во групната фаза од Лигата на Шампионите.
 
Партизан втора година по ред е елиминиран од бугарскиот Лудогорец, натпреварот во Белград заврши 2-2, па поради головите на гостински терен Бугарите одат понатаму.
 
Сите четири гола беа постигнати до 35. минута, Лудогорец поведе со погодоците на Марселињо, Партизан израмни со два гола на Скулетиќ.
 
Новото засилување на Бешикташ, Демба Ба имаше блескаво издание во Истанбул откако постигна хет-трик во победата од 3-1 над Феенорд.
 
Пролаз во плејофот синоќа обезбедија и екипите на Зенит, АПОЕЛ, Малме, Слован, Стеауа, ФК Копенхаген, Салзбург и Легија.