24фудбал

Кавани: Останувам во ПСЖ

Единсон Кавани ги отфрла шпекулациите кои го поврзуваат со преселба во Манчестер Јунајтед, напаѓачот вели дека е среќен на Паркот на Принцовите

Франција

Репрезентативецот на Уругвај оваа недела беше отстранет од промотивните фотографии со кои ПСЖ го претстави новиoт дрес за гостинските натпревари, па медиумите ова го протолкуваа како знак дека играчот ќе замине од Париз ова лето.

Единсон Кавани експресно беше поврзан со мега трансфер во Манчестер Јунајтед, но напаѓачот ги демантира ваквите стории.

„Сигурен сум дека ќе останам, зошто да не бидам?” – вели Кавани за L’Equipe.

„Добро ми е во Париз, под договор сум со ПСЖ и сум прилично релаксиран. Се чувствувам добро тука”.

„Но, како што кажав и претходно, не зависи само од играчот. Исто така зависи и од ПСЖ и што клубот сака”.

По крајот на минатата сезона, Единсон Кавани се пожали дека не е задоволен од позицијата што ја има во формацијата на Лорен Блан.

Златан Ибрахимовиќ е главниот напаѓач, па Уругваецот често играше по десната крилна позиција.

„Имавме мали проблеми со позицијата на која играв. Но разговарав со тренерскиот персонал и сега се е во ред”.

„За напаѓачите многу е важно да играат на нивната природна позиција”.