24фудбал

Ројс одбива да потпише нов договор со Борусија Дортмунд

Според најголемиот германски весник Bild, Марко Ројс одбива да стави потпис на нов договор со Борусија Дортмунд.

Германија
Љубовта помеѓу Марко Ројс и Борусија Дортмунд нема уште долго да трае, 25-годишниот фудбалер не сака да ја продолжи верноста со Милионерите.
 
Се чини дека Ројс и во престојната сезона ќе го носи дресот на Дортмунд, но следното лето ќе замине.
 
Тој има договор со Борусија до 2017 година, но од 2015 се активира откупната клаузула која изнесува 35 милиони евра, сума која нема да биде проблем за дел од најголемите клубови кои се интересираат за неговите услуги.
 
Како најсериозни кандидати за неговиот потпис се посочуваат Манчестер Јунајтед, Барселона и Баерн Минхен.